
Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, смета дека неговиот тим е незаслужено поразен во дуелот со Бетис (0-1). Барса пред своите навивачи го доживеа првиот неуспех откако на клупата седна легендата на клубот.
Моментот на одлука се случи во 79. минута, кога Хуанми ја затресе мрежата на каталонците и ги остави на седмото место на табелата.
„Не заслуживме да загубиме денес. Но, тоа е фудбалот. Понекогаш заслужувате многу повеќе и ова е таков пример. Мораме да постигнуваме голови, да создаваме повеќе шанси и да бидеме внимателни во транзицијата на противникот”, изјави Чави.
Барса следната недела ја очекува дуел со Баерн Минхен во Лигата на шампионите, а доколку не победи, и Бенфика слави против Динамо Киев, ќе испадне од европското натпреварување.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
