
Англискиот премиерлигаш Њукасл очајно посакува да избори опстанок во Премиер – лигата откако клубот доби нови богати сопственици од Саудиска Арабија. Сепак, во моментов „чавките“ се на последната позиција на табелата и ќе им биде потребна голема реконструкција на тимот.
Менаџерот Еди Хау планира неколку нови имиња, меѓу кои и нов голман. Тој има сериозен интерес за голманот на Бенфика, Одисеас Влаходимос. Медиумите во Португалија тврдат дека преговорите се веќе отпочнати и дека многу веројатно Гркот ќе се пресели на „Сент Џејмс Парк“.
Влаходимос дојде во Бенфика од Панатинаикос во 2018 година и досега има 142 натпревари во дресот на гигантот од Лисабон.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат
