Баерн Минхен на утрешното големо дерби против Борусија Дортмунд на „Сигнал Идуна парк“ ќе биде без сестраниот Џошуа Кимих, а под големо прашање е и учеството на неговиот партнер од средниот ред Леон Горецка, изјави првиот човек на Баерн, Џулијан Нагелсман, ден пред гостувањето во Вестфалија.
Кимих се уште е во карантин поради позитивен тест на коронавирус, а Горецка е повреден.
„Леон Горецка се уште е под знак прашалник. Ќе одлучиме утре, непосредно пред натпреварот. Тој тренира ограничено и се уште има болки во коленото. Ова е голем проблем за нас проблем. Ќе разговарам со него и потоа заедно ќе одлучиме дали е способен да игра. Но ќе се потпреме само на играчи кои се 100 отсто подготвени“, изјави Нагелсман.
Шампионот Баерн Минхен има еден бод предност пред Борусија Дортмунд, но ќе мора да се справи и со другите отсуства како Марсел Сабицер, Јосип Станишиќ и Ерик Максим Чупо-Мотинг.
„Сите знаат колку е важен овој натпревар. Одлично е за лигата што двата тима се во победнички момент. Ова е најважниот натпревар и мотивацијата е невообичаено висока. Не сум тој што плачам за отсутните бидејќи јас знам дека морам да дадам се од себе со достапните играчи. Ситуацијата е таква каква што е и не можеме да ја промениме“, вели тренерот на Баерн Минхен.
На местото на Кимих со многу голема веројатност ќе стартува Корентин Толисо, додека Џамал Мусијала е кандидат за средниот ред доколку не може да игра Горецка.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед и Интер во трака за Адејеми
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци
Евро-фудбал
Ливерпул и Египет во „клинч“ за Мохамед Салах
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026













