
Здравствените власти во Вестфалија одобрија дербито на полусезоната во бундес – лигата меѓу Борусија Дортмунд и Баерн Минхен да се игра пред 15.000 гледачи. Домаќинот ќе почне одново да продава билети за дербито со Баерн Минхен кое е закажано за утре, со почеток во 18.30 часот на „Сигнал Идуна Парк“.
Дербито требаше да се игра пред полн стадион, капацитет од 60.000 гледачи, но во текот на вчерашниот ден официјално добија дозвола за присуство на 15.000 гледачи.
Се претпоставува дека ќе има во продажба 13.000 билети, додека 2.000 ќе бидат резервирани за ВИП лица и за двата клуба. Предност ќе имаат навивачите со сезонски билети.
Сите гледачи треба да бидат вакцинирани или да го имаат прележано коронавирусот, односно да имаат негативен ПЦР тест.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат
