Во пресметката на новајлиите во Првата македонска фудбалска лига, Струга ТЛ и Борец ремизираа во Струга во последното есенско коло. Стратегот на Борец, Горазд Михајлов е задоволен од освоениот бод оценувајќи ја успешно и целокупната прва етапа во годинашниот шампионат.
„Знаевме дека ќе биде тежок натпревар со Струга Трим Лум но успеавме да ја реализираме нашата цел. Сакам да им честитам на моите фудбалери кои успеаја да го скршат мразот и да освојат бод на гостински терен. Домаќините го диктираа темпото на игра, креираа повеќе можности и тие можат да бидат незадоволни од бодот.
Сумирајќи го есенскиот дел од сезоната во која Борец се врати во Првата македонска фудбалска лига, Михајлов нагласува:
„Борец после 20 години се врати во елитата, па некој да ми понудеше 20 бодови пред почетокот на сезоната со две раце ќе ги прифатев. Задоволни сме од полусезоната и со уште поголеми мотиви ќе продолжиме во пролетниот дел“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Евро-фудбал
Легендата на Ливерпул заврши на интензивна нега
Евро-фудбал
Арне Слот ја откри судбината на Мохамед Салах
Млади репрезентации
Македонија У18 на двата теста поуспешна од врсниците од Црна Гора
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













