
Францускиот интернаационалец Пол Погба донел одлука да ја продолжи соработката со Манчестер Јунајтед, открива „Л’Екип“. Неговиот договор завршува на крајот на сезоната, но покрај интересот на Реал Мадрид, ПСЖ и на неговиот поранешен клуб Јувентус, Пол Погба решил да продолжи да настапува за Манчестер Јунајтед.
Фудбалерот од средниот ред и неговиот агент Мино Раиола, допрва треба да ги продолжат разговорите со раководството на Манчестер Јунајтед, но францускиот репрезентативец наводно им кажал на своите роднини дека сака да остане на „Олд Трафорд“.
Погба имаше одличен старт на сезоната во дресот на Манчестер Јунајтед, но потоа следеше негов пад на формата поради што беше и постојана цел на критики. Сепак, тој и понатаму е најдобриот асистент оваа сезона во тимот на „црвените ѓаволи“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
