Connect with us

Барселона го пронајде наследникот на Меси? (ВИДЕО)

Барселона во „петлињата“ можеби го има новиот Лионел Меси. Легендарниот Аргентинец со години правеше чуда во дресот на Барселона. Започна во славната „Ла Масија“, а во првиот тим продолжи се до минатото лето кога мораше да го напушти својот сакан клуб и да замине во ПСЖ.


Неговиот наследник ќе биде многу тешко да се најде, но со оглед дека Барселона има неверојатна фудбалска школа, веќе се појавуваат нови големи таленти.

Момчето кое можеби ќе биде наследник на аргентинскиот волшебник е седумгодишниот Педрито Хуарез, чии потези многу потсетуваат на Меси. Пред неколку дена Педрито повторно брилјираше и во последните секунди од мечот покажа дека од него во иднина можат да видат спектакуларни работи.

Педрито стартуваше со топката во центарот, ја издрибла цела противничка екипа и во последната минута од натпреварот постигна победничкиот гол.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови