
Шпанскиот гигант Реал Мадрид ќе се обиде да го купи Душан Влаховиќ од Фиорентина. Српскиот голгетер игра во одлична форма оваа сезона, а нема намера да го продолжи договорот со „виолетовите“. Тоа ќе ја примора Фиорентина да го продаде можеби веќе во јануари.
За него сериозен интерес покажа и Арсенал, меѓутоа одлуката на Душан Влаховиќ е да игра во Лигата на шампионите и во клуб каде постојано ќе се бори за трофеи. „Кралевите“ тоа можат да му го гарантираат.
Реал Мадрид е подготвен да испрати дури тројца фудбалери во Фиорентина како дел од трансферот. Борха Мајорал, Лука Јовиќ и Алваро Одриозола, кој оваа сезона игра како позајмен играч во Фиорентина, би станале нови фудбалери на италијанскиот калчолигаш.
Покрај обидот за ангажман на Влаховиќ, главните цели на Реал Мадрид и понатаму остануваат Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
