
Каталонскиот гигант Барселона е сериозно заинтересиран за младиот германски напаѓач Карим Адејеми. Најдобриот стрелец на Салцбург оваа сезона привлекува големо внимание кај великаните на Стариот континент. Во трката за него влезе и Барселона, со оглед дека тој е една од главните желби на новиот тренер Чави Хернандез.
На Барселона и е потребен поливалентен напаѓач, кој може да одговори на крилните позиции, а токму таков потенцијал поседува Адејеми. Неговиот агент Манфред Швабл беше во Каталонија на разговори со Барселона, но засега нема конкретни потези и сака да го држи својот клиент подалеку од „Камп Ноу“ во моментов.
Според германски „Скај“, неговите соиграчи од Салцбург се убедени дека тој ќе тргне по стапките на Ерлинг Халанд и како нова дестинација во кариерата ќе ја одбере Борусија Дортмунд. Тоа е клуб каде младите таленти добиваат огромна шанса, а ако ја искористат потоа подготвени прават супертрансфери во најголемите европски клубови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
