Аргентинската ѕвезда Серхио Агуеро можеби ќе мора да ја заврши кариерата. По деталните лекарски прегледи и симптомите на аритмија, советите до него се дека не треба веќе да го ризикува здравјето со професионален фудбалски ангажман.
Како што пренесуваат каталонските медиуми, фудбалската иднина на Серхио Агуеро е под голем знак прашалник. Пред две недели Барселона објави дека Аргентинецот ќе мора да паузира најмалку три месеци поради проблеми со срцето, но сега пристигнуваат нови информации.
Поради сериозни проблеми со срцето Агуеро би можел засекогаш да се збогува од професионалната фудбалска кариера.
Се уште нема официјални информации за состојбата на фудбалерот. Агуеро ќе биде подложен на бројни прегледи и тестови, по што лекарите ќе ја проценат неговата подготвеност, но Шпанците јавуваат дека постои одредена доза на песимизам што укажува на крај на неговата кариера.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski