Шпанија ја совлада Грција во Атина со 0-1 и направи чекор напред кон пласманот на СП, а Серхио Бускетс запиша уште еден историски настап во дресот на „црвената фурија“.
33-годишниот играч за врска на Барселона го одигра својот 133. натпревар во дресот на националниот тим и се израмни по бројот на настапи со новиот тренер на каталонскиот тим, Чави Хернандез. Сега и двајцата се наоѓаат на третата позиција на вечната листа во селекцијата на Шпанија.
Пред нив се легендарниот голман на Реал Мадрид, Икер Касилјас со 167 настапи и дефанзивецот на ПСЖ, Серхио Рамос, кој е лидер со 180 одиграни натпревари за Шпанија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal