
Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане, се повреди во мечот од квалификациите за Светското првенство против Того. Сенегал ремизираше на ова гостување (1-1), а Мане беше повлечен од теренот поради повреда во 28. минута. Повредата настана по незгодното приземјување на сенегалскиот напаѓач по воздушен дуел со играч од Того.
Сенегал подоцна изјави дека Мане излегол од игра поради внимателност и дека нема причина за грижа, но менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, секако е загрижен за неговата повреда.
Тоа би било тежок удар за „црвените“, бидејќи Роберто Фирмино веќе неколку седмици е повреден. Мане е екстремно важна алка во составот на Ливерпул.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
