
Шпанија минимално триумфираше на гости против Грција со 0-1, го искористи киксот на Шведска и сега е на врвот во групата Б во квалификациите за СП во Катар 2022. Пабло Сарабија од пенал ја донесе победата за „црвената фурија“, која во последното коло ќе ја пречека Шведска.
Хрватска се зацврсти на втората позиција во групата Х отако ја декласира Малта на гости со 1-7. Перишиќ и Чалета-Цар ги постигнаа првите два гола, а до одморот стрелаа и Модриќ и Пашалиќ. Мајер беше двоен стрелец во вториот дел, а серијата ја затвори Крамариќ.
Португалците ремизираа без голови на гости против Република Ирска. Во последното коло Роналдо и другарите ја пречекуваат Србија во решавачки дуел ќе одлучуваат за првото место во групата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
