Connect with us

Стојковиќ: Физички сме во Белград, а со мислите во Лисабон

Селектор на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ, вели дека тој и фудбалерите веќе размислуваат за мечот со Португалија иако вечерва ги очекува пријателски натпревар со Катар. Овој дуел ќе го искористат како дополнителен тренинг пред она што ги очекува во Лисабон.


Пресметката со Португалија в недела ќе решава околу директниот пласман на мундијалот.

„Се ближиме до крајот на квалификациите. Остануваат уште два натпревари, Катар и Португалија. Имаме два сосема различни натпревари. Катар нема резултатско значење, но сакаме да продолжиме во ист ритам – да победиме и да се подготвиме за Португалија. На тој дуел гледаме како на добар тренинг. Физички сме во Белград, а во мислите веќе сме во Лисабон“, вели Стојковиќ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови