
Чешкиот милијардер Даниел Кретински официјално купи 27 отсто од акциите на англискиот премиерлигаш Вест Хем Јунајтед. Компанијата „Холдингс 1890“, во сопственост на Кретински, стана сопственик на речиси една третина од лондонскиот клуб, а тој и неговиот колега Павел Хорски се назначени во Одборот на директори на клубот.
„Воодушевен сум што овој проект сега е успешно завршен. Фудбалот ми е пасија и навистина ја ценам и почитувам исклучителната историја и традиција на Вест Хем“, изјави Кретински.
Вест Хем моментно е третопласиран на табелата во Премиер – лигата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем
