
Легендарниот англиски репрезентативец и ас на Ливерпул, Стивен Џерард, е сериозно заинтересиран за менаџерската позиција во Астон Вила. Раководството на клубот му упати покана за да се врати на голема врата во Премиер – лигата, но, сепак, за тоа ќе треба да одлучи неговиот сегашен клуб Глазгов Ренџерс.
Џерард со успех го предводи Ренџерс и прашање е дали шкотскиот гигант лесно би се откажал од неговите услуги. Сепак, тој го упатил раководството на Астон Вила на преговори со неговите сегашни работодавци и доколку успеат да договорат соодветна отштета и раскин на договорот, тогаш со радост би ја прифатил понудата на тимот од Бирмингем.
Астон Вила забележа пет порази на последните пет меча во Премиер – лигата и се наоѓа на 16. позиција со само десет освоени бода.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
