
Европскиот првак Челси сака да го врати Саул Нигез во Атлетико Мадрид, но, сепак, шпанскиот клуб не сака да слушне за таков потег. Тие сакаат да остане до крајот на сезоната додека и трае договорот за позајмица.
Беше големо изненадување кога Атлетико во летниот преоден рок ја испрати легендата на клубот, Саул Нигез на позајмица во Челзи. Шпанскиот првак тоа го направи за да го врати Антоан Гризман штедејќи на платата на Саул.
Играчот од средниот ред, кој одигра 340 натпревари за Атлетико Мадрид, е еден од симболите на клубот во изминатите десет години, за кои освои една шпанска титула, два купа, две Лиги на Европа и двапати играше во финалето на Лигата на шампионите.
Челси му плати на неговиот клуб 5 милиони евра за позајмица на Саул за една сезона, но тој оттогаш одигра само 238 минути на 14 натпревари. Од нив 166 во Лига купот на Англија. Помалку од него, за актуелниот европски првак оваа сезона настапи само третиот голман Маркус Бетинели.
Очигледно е дека Томас Тухел не смета на Саул, кој не успеа да се снајде во Челси, но исто така не успеа и да се аклиматизира на животот во Лондон. Сепак, „Марка“ открива дека неговиот клуб не го сака назад бидејќи тоа ја руши споменатата финансиска структура за Гризман.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
