
Чави Хернандез и официјално ја доби клупата на Барселона, а на промоцијата присуствуваше и неговиот некогашен тренер Пеп Гвардиола. Тој сега е предводник на Манчестер Сити и му понудил интересна размена на својот „ученик“.
Гвардиола е подготвен да го испрати Рахим Стерлинг во Барселона во зимскиот преоден рок, доколку каталонскиот клуб се согласи за трансфер на Френки де Јонг на „Итихад“.
На „граѓаните“ им е потребен нов креативец во средниот ред, а Гвардиола смета дека Чави секако го има Бускетс во средниот ред, а тука се и младите и суперталентирани Педри и Гави.
Стерлинг се почесто е на клупата за резерви по доаѓањето на Џек Грилиш и сигурно би сакал нов предизвик во кариерата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
