
Екипата на Вест Хем забележа голема победа на домашен терен, го совлада еден од тимовите со шампионски амбиции Ливерпул (3-2) и така го прескокна на табелата во англиската Премиер лига.
само четири минути Вест хем поведе со 1-0 по ужасната реакција на голманот Алисон Бекер по корнер на домаќините. Сепак, Александар-Арнолд ги врати во игра гостите со погодок во 41. минута.
Форналс во 67. минута истрча во одлична контра и доби прекрасна топка од Боувен, а потоа немаше проблеми да го матира чуварот на мрежата на Ливерпул. Водството за Вест хем на 3-1 го зголеми Зума, кој искористи уште една катастрофална реакција на одбраната на гостите и погоди со глава по корнер.
Ориги го врати Ливерпул во живот во 83. минута, откако доби добра топка и ја испрати во голот на Фабиански за 2-3, а Мане имаше шанса и за 3-3, но промаши од само неколку метри.
Вест хем по денешната победа има 23 бода и се наоѓа на третата позиција, додека едно место под нив е Ливерпул со 22 бода.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal
