
Абделак Нури имаше 20 години кога падна на теренот во јули 2017 година на подготвителниот натпревар на Ајакс во Австрија поради срцева аритмија. Неколку дена подоцна беше објавено дека тој имал сериозно оштетување на мозокот како резултат на инцидентот.
Долго време беше во кома, а дури минатата година беше пуштен од болница на домашна нега. Неговата состојба може да се спореди со онаа на Михаел Шумахер.
Ајакс по истрагата призна дека оштетувањето на мозокот на Нури, кое го фрлило во вегетативна состојба, било резултат на несоодветна медицинска нега на теренот. Семејството на Нури потоа побара од клубот отштета за високите медицински трошоци, нематеријалната штета, но и губењето на идните приходи од неговата фудбалска кариера.
Ајакс одбил да плати отштета, па семејството побара арбитража од Холандската фудбалска федерација, а тамошните медиуми денеска пренесуваат дека двете страни сега постигнале договор. Висината на обештетувањето не е објавена.
Фудбалерите на Ајакс од 2019 година нему му ја посветија 34. шампионска титула, симболична на бројот на Нури на дресот и ја прославија титулата со неговиот татко. Неколку играчи во нивните нови клубови, како Дени ван де Бек во Манчестер Јунајтед, го носат бројот „34“ во чест на Нури.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Баерн Минхен го обнови интересот за Нкунку

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Луис Дијаз се договорил со Баерн Минхен

Евро-фудбал
Марко Асенсио се враќа во Ла Лига?

Евро-фудбал
Шчешни останува во Барселона до 2027 година
