Најтрофејниот македонски клуб Вардар со пораз ги отвори пријателските натпревари во Анталија. Вардарци загубија од Хајдук Сплит со 3-1, иако по првиот дел имаа водство со голот на Дарко Мицевски. Тој во 12.минута успеа да ја затресе мрежата на хрватскиот тим.
Во вториот дел, сепак, Хајдук Сплит направи пресврт. Леон Крековиќ во 73.минута донесе израмнување, Теклиќ се погрижи за пресврт во 82.минута, а а Крековиќ три минути подоцна со втор гол го постави конечниот епилог на мечот.
Тренерот на Вардар, Александар Васоски, го стартуваше дуелот со следниот состав: Гачевски, Тошевски, Ѓурковски, Новак, Брдаровски, Велковски, Мицевски, Реџепи, Игнатов, Цветаноски, Ибиши.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова
Втора лига
Брегалница и Детонит ремизираа без голови













