Connect with us

Супер-тандем: Шевченко на клупата, а Пандев во нападот на Џенова

Поранешниот селектор на украинската репрезентација Андриј Шевченко потпиша договор со Џенова и ќе го предводи италијанскиот калчолигаш до јуни 2024 година. Оваа сезона мисијата е да се обезбеди опстанок во елитата на Апенините.


Украинецот како главен тренер на Џенова доаѓа на местото на Давиде Баладрини, кој вчера беше разрешен од функцијата. Шевченко како еден од главните адути ќе го има најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев.
Претходно беше објавено дека Шевченко ќе заработува 1,8 милиони евра годишно во италијанскиот клуб, плус бонуси.

45-годишниот Шевченко беше на чело на украинската репрезентација од 2016 до 2021 година. Под негово водство репрезентацијата на последното ЕП 2020 оствари историски резултат – се пласираше во четвртфиналето. По завршувањето на турнирот, Шевченко не го продолжи договорот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови