Барселона шокантно загуби два бода на гостувањето против Селта Виго откако на полувремето водеше 0-3, а на крајот остана без победа. Домаќинот стигна до реми во 96.минута од дуелот.
Ансу Фати се повреди на полувремето во Барселона, а привремениот тренер Серхи сакаше во игра да го уфрли Кутињо. Но, тој, наводно, одбил да влезе во игра кога Барселона имала водство од 0-3.
Наместо Фати влезе Алехандро Балде, а Кутињо не доби ниту минута во Виго.
Бразилецот Кутињо пристигна од Ливерпул во Барселона во јануари 2018 година за 160 милиони евра. Тој се смета за еден од најголемите неуспеси кога се трансферите во прашање во историјата на клубот. За Барселона одигра 101 натпревар и постигна 25 гола.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Фудбалот е богатство, различност, демократија, и може да ве направи бесмртен
ФУДБАЛОТ Е ЕВРОПСКА ИГРА Фудбал се игра насекаде низ светот, но Европа со сигурност...
Автор makfudbal