
Манчестер Јунајтед го загуби градското дерби од Сити на „Олд Трафорд“ со 0-2 и повторно се засили притисикот кон менаџерот Оле Гунар Солскјер. Јасно е дека овој тим на „црвените ѓаволи“ може многу повеќе, а убедливо загуби дома и од Ливерпул и од Манчестер Сити. Тоа му се припишува токму на Норвежанецот.
„Сити го уништи Јунајтед“, не остава дилема Гери Невил кој сега е аналитичар на Премиер – лигата.
Тој има теорија дека Ед Вудворд не сака да го замени Солскјер на кого му даде договор на три години, бидејќи си заминува и не сака последен потег во клубот да му биде промена на тренерот.
„Ќе видиме како ќе реагира новиот директор“, додава Невил.
Проблемот е што не е јасно кој би можел да го замени Норвежанецот дури и да му ја покажат вратата. Бидејќи Конте сега е во Тотенхем, се појави името на Ралф Рангник, но тоа не би предизвикало голема еуфорија на „Олд Трафорд“.
Се шпекулира дека Јунајтед ќе се обиде да издржи со Солскјер до лето, а потоа ќе се фокусира на Ериок Тен Хаг, тренерот на Ајакс.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
