
Прославените холандски фудбалери Весли Снајдер и Дирк Кајт се обвинети за обложување во нелегална обложувалница. Во Холандија веќе некое време истражуваат сè околу нелегалната веб-страница за обложување „Едобет“ што ја водат луѓе од поземјето. Снајдер и Кајт се осомничени дека се обложувале на „Едобет“.
Кајт ја признал вината, а сведоците тврдат дека понекогаш плаќал и по 25.000 евра. Тој им рекол на инспекторите дека се обложувал за забава. Потенцијално му се заканува затвор бидејќи парите добиени во „Едобет“ ги зел лично.
„Знаев како да добијам пари на бензинска пумпа. Ми се допадна тоа бидејќи можев да се обложувам анонимно”, им рекол Кајт на истражителите.
Снајдер, од друга страна, негира вмешаност во случајот. Тој призна дека имал контакт со некои од луѓето кои го воделе „Едобет“. Истрагата се уште е во тек. Доколку се докаже дека Снајдер се обложил на „Едобет“, тогаш му се заканува и затворска казна.
Во Холандија е казниво обложување во обложувалници кои немаат национална лиценца.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Феран Торес замина на итна операција

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција
