Connect with us

Столе Димитриевски и Рајо го намачија Реал Мадрид на „Бернабеу“ (ВИДЕО)

Реал Мадрид оствари триумф (2-1) над Рајо Ваљекано, но до последен момент стравуваше за бодовите на овој дуел од Ла Лига. Сега „кралевите“ имаат 27 бода на лидерската позиција, два повеќе од Реал Сосиедад.

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски го бранеше голот на Рајо Ваљекано и имаше забележителен настап иако прими два гола. Сепак, не можеше да реагира подобро и во двете ситуации.

Тони Крос ги доведе „кралевите“ во водство во 14.минута со прецизен удар од десетина метри, а Карим Бензема беше стрелец на вториот гол за Реал Мадрид во 38.минута по центаршутот на Давид Алаба од левата страна.

Радамел Фалкао во 77.минута постигна гол за 2-1 и се до крајот Реал Мадрид стравуваше за бодовите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови