
Актуелниот шампион Манчестер Сити ја доби градската пресметка со Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ триумфирајќи со 0-2. Тимот на Пеп Гвардиола беше многу подобар ривал, а работата ја заврши во првото полувреме.
Во седмата минута, Ерик Баи си постигна автогол откако сакаше да блокира од левата страна, а на крајот топката заврши зад грбот на Давид Де Хеа. Шпанскиот голман по половина час спаси сигурен втор погодок по шутот на Габриел Хесус, но затоа не можеше да стори ништо по ударот на Бернардо Силва во 45.минута.
Во вториот дел, Оле Гунар Солскјер се обиде со поофанзивен пристап, ги уфрли Санчо и Рашфорд, но без посебен ефект.
Манчестер Сити сега има 23 бода, два помалку од лидерот Челси. Јунајтед се наоѓа на петтото место со 17 бода и има три порази во последните четири натпревари во Премиер – лигата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Феран Торес замина на итна операција

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција
