
Чави Хернандез од синоќа е тренер на Барселона, но тоа е само почеток на големите потписи на „Камп Ноу“. Претседателот Хоан Лапорта потврди дека по доаѓањето на Чави, клубот планира да доведе дури три засилувања во зимскиот преоден рок.
Лапорта не ги откри имињата, но нагласи дека едно засилување мора да биде „светска класа“.
„Планираме да се засилиме на три позиции во зимскиот преоден рок и да донесеме еден играч кој е биде кандидат за „Златната топка“. Ќе разговараме за конкретни имиња со Чави, нашиот нов тренер“, изјави Лапорта.
Медиумите веќе се тркаат за да дознаат кои имиња се на списокот на Лапорта. Веста е дека Дани Олмо повеќе не е реална опција, бидејќи Лајпциг бара премногу пари, а се помали се шансите да дојде и Рахим Стерлинг поради високата плата.
Фиорентина ја одреди цената за Душан Влаховиќ на 80 милиони евра, а на Барселона итно и треба напаѓач, бидејќи кариерата на Серхио Агуеро е доведена во прашање. Покрај тоа, Чави нема да смета на Лук де Јонг.
Се шпекулираше дека Чави сака брз стопер и дека тоа би можел да биде Жул Кунде, но и да го доведе Кингсли Коман. Како и да е, претстојат неколку возбудливи недели на „Камп Ноу“, се чини дека Барселона ќе биде најактивна на зимскиот пазар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Феран Торес замина на итна операција

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција
