
Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд (21) е еден од најдобрите и најбараните напаѓачи во светот, а Борусија Дортмунд речиси и да нема шанси да го задржи и следната сезона.
Се очекува некој од богатите клубови да го доведе на лето, а со секој постигнат гол во дресот на „милионерите“ само му расте цената. Иако моментно е повреден, Халанд во само десет натпревари 13 пати ја затресе противничката мрежа, а сега е позната сумата што потенцијалните купувачи би требало да ја издвојат за Норвежанецот.
Германскиот менаџер Волкер Штрут, кој ги застапува Тони Крос и Тимо Вернер, објасни дека едноставно е невозможно да се исплатат само 80 милиони евра, колку што неофицијално е неговата клаузула следното лето.
„Се очекува трансферот на Халанд да биде следното лето, но клубот кој сака да го доведе со тоа обештетување ќе треба да му плати повеќе провизии на агентот и плата за договор кој ќе биде приближно пет години. Сето тоа ќе чини меѓу 250 и 300 милиони евра“, изјави Штрут и ги остави сите во шок поради огромната сума на пари.
За кариерата на Халанд се грижи Мино Раиола, кој сигурно добро ќе го наплати овој трансфер, а норвешкиот фудбалер бара огромна плата, една од најголемите во историјата на светскиот фудбал.
Баерн е исклучен од понатамошната приказна, па останаа Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Реал Мадрид и ПСЖ.
„Баерн и да ги има тие пари, нема ни да се обиде да го донесе Халанд. Во Германија би предизвикале големо негодување доколку на еден играч му дадат годишна плата од 50 милиони евра“, објасни Штрут.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Ентони Гордон од Њукасл

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Феран Торес замина на итна операција

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција
