Connect with us

Чави потпишува со Барселона до јуни 2024 година

Легендарниот Чави Хернандез се враќа на „Камп Ноу“. Тој ќе биде нов тренер на Барселона и ќе го наследи Роналд Куман.

Чави ќе потпише договор до јуни 2024 година, а финансиските детали ќе бидат познати во текот на денешниот ден.

Барселона успеа да издејствува од Ал-Сад раскин на договорот за Чави. Платена е отштета од 5 милиони евра, а каталонскиот клуб се обврза во блиска иднина да одигра и пријателски натпревар со катарскиот тим.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови