
Менаџерот нa Манчестер сити, Пеп Гвардиола, знае од каде доаѓа најголената опасност за неговиот тим во пресрет на утрешното градско дерби против Јунајтед. Тој вели дека Кристијано Роналдо ќе дава голови и кога ќе има 75 години и ќе прави скара во својот двор.
Роналдо се врати во Манчестер Јунајтед после 13 години, а претходно беше речиси договорен токму со Гвардиола да дојде на „Итихад“.
„Кристијано Роналдо ќе дава голови и кога ќе има 75 години, кога ќе биде пензионер и ќе прави скара во својот двор со семејството. Тој е дефинитивно фудбалерот што ја одбележа оваа деценија заедно со Лионел Меси. Тие даваа, даваат и ќе даваат голови. Убаво е што се врати во Премиер – лигата, тие едноставно си припаѓаат со
Манчестер Јунајтед. Искрено, утрешното дерби не ме возбудува премногу, а ние како и на секој натпревар ќе одиме на победа“, изјави Гвардиола.
Дербито на Манчестер е закажано за утре, со почеток во 13.30 часот, на „Олд Трафорд“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Ентони Гордон од Њукасл

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Феран Торес замина на итна операција

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција
