Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, објави лоша вест пред натпреварот со Вест Хем. Напаѓачот Роберто Фирмино поради повреда ќе отсуствува од терените најмалку еден месец.
„Тоа што го загубивме Фирмино е проблем. Претходните два дена знаевме дека е сериозно. Зборуваме за недели, но тој дефинитивно ќе отсуствува повеќе од еден месец. Сметам дека е сериозна повреда. После тоа ќе видиме, Боби брзо се опоравува“, изјави Клоп.
Бразилскиот репрезентативец се повреди на натпреварот од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид кој се одигра во средата и беше заменет на десетина минути пред крајот.
Фирмино оваа сезона постигна четири гола во Премиер – лигата и два во Лигата на шампионите. Тој веќе пропушти два натпревари оваа сезона поради повреда на мускулот, а сега му следува малку подолга пауза.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal