Катарскиот клуб Ал-Сад потврди дека се разделува со досегашниот тренер Чави Хернандез. Легендата на Барселона се враќа на „Камп Ноу“ и ќе биде наследник на Роналд Куман на тренерската позиција на каталонскиот гигант.
Барселона ќе ја плати отштетната клаузула од 6 милиони евра, а се обврза да одигра и пријателски натпревар со Ал-Сад во блиска иднина.
Како привремено решение беше поставен Серхи Бархуан, кој е тренер на Б-тимот на Барселона, додека не се реши исходот со Чави. Сега тој има отворен пат за враќање во редовите на Барселона од каде замина по натпреварувачката сезона 2014/15.
Turki Al-Ali: The #AlSadd administration has agreed on Xavi’s move to Barcelona after the payment of the release clause stipulated in the contract. We’ve agreed on cooperation with Barcelona in the future. Xavi is an important part of Al-Sadd’s history and we wish him success. pic.twitter.com/3FvCOdYl5X
— 🏆 #76 Al Sadd SC | نادي السد (@AlsaddSC) November 5, 2021
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal