Connect with us

„Кралевите“ ја купуваат новата германска ѕвезда

Шпанскиот гигант Реал Мадрид е силно заинтересиран за новата германска ѕвезда Карим Адејеми. 19-годишниот офанзивец игра фантастично во дресот на Салцбург и го привлече вниманието на европските гиганти. „Кралевите“ ќе се обидат да бидат најбрзи и да ја победат конкуренцијата во трката за неговиот потпис.

Адејеми дебитираше за германската репрезентација во септември, настапи и против Македонија во Скопје и важи за еден од најголемите таленти во Европа.

Реал Мадрид ќе има жестока конкуренција бидејќи за Адејеми интерес покажуваат Баерн Минхен, ПСЖ и Ливерпул, но „кралевите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Адејеми оваа сезона има одиграно 20 меча на кои постигна 14 гола и запиша две асистенции. Салцбург за него бара отштета од 40 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови