Шокантни сцени беа забележани на стадионот „Рајко Митиќ“ по завршувањето на натпреварот Црвена Звезда – Митјиланд од Лигата на Европа. Еден од соработниците на тренерот Дејан Станковиќ е префрлен во болница откако бил удрен со тврд предмет од сопствените навивачи. Фитнес тренерот на клубот Федерико Панончини се здоби со фрактура на черепот и е задржан на лекување во болница.
Како всушност дојде до инцидентот? Навивачите на Звезда ги гаѓаа судиите пред да влезат во тунелот, а очигледно фитнес тренерот на Црвена Звезда го извлече најдебелиот крај. Сепак, последните информации велат дека Италијанецот, за среќа, не е многу сериозни повреден и дека наскоро треба да биде пуштен од болница.
Натпреварот заврши со победа (0-1) на Митјиланд, а крајот на натпреварот беше хаотичен. Тренерот на Црвена Звезда, Дејан Станковиќ влета во тунелот и не даде изјава, а играчите на гостинската екипа мораше да ги штити капитенот Милан Борјан за непречено да влезат во тунелот под северната трибина.
Според најновите информации, погоден е и главниот судија, па сега Црвена Звезда ја очекува огромна казна од УЕФА.
Фото: www.telegraf.rs
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal