Српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ (21) е еден од најбараните фудбалери на денешницата. Младиот напаѓач e член на Фиорентина, но нема долго да остане во тој клуб.
Влаховиќ одби да потпише нов договор со Фиорентина, а сегашниот му завршува летото 2023 година. Затоа Фиорентина сака што побрзо да го продаде и на него да заработи најмалку 50 милиони евра.
За Влаховиќ особено е заинтересиран Јувентус, но најверојатно од таа комбинација нема да има ништо.
„Фиорентина ќе преговара со кој било клуб за Влаховиќ, освен со Јувентус. Тие не се заинтересирана за разговори со Јувентус и сакаат да го продадат Влаховиќ оваа зима“, тврдат италијанските медиуми.
Влаховиќ би можел да потпише за Тотенхем. Антонио Конте го презеде лондонскиот клуб пред два дена и на неговата листа со желби се наоѓа и одличен српски голгетер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal