Вардар го доживеа и вториот пораз на подготовките во Анталија. По поразот од сплитски Хајдук (1-3) на првиот тест дуел, „вардарци“ денеска во Белек загубија и од украински Динамо Киев со 0-3.
Украинците победата ја обезбедија со три погодоци уште во првото полувреме. Бујалски отвори во 5. минута, а Сидорчук во 7. минута веќе зголеми на 0-2. Конечните 0-3 ги постави Дуелунд во 29. минута.
Динамо Киев во второто полувреме комплетно ја смени поставата, па на крајот резултатот остана непроменет.
Вардар натпреварот го почна во најсилниот состав со Гачевски, Тошевски, Најдовски, Новак, Брдаровски, Реис Жуниор, Мицевски, Али, Аврамовски, Цветаноски и Ибиши.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













