
Англискиот премиерлигаш Тотенхем вечерва го пречекува Витесе во Конференциската лига на УЕФА, а дебито на новиот менаџер Антонио Конте е се уште неизвесно.
Официјалното деби на Конте на клупата на Тотенхем можеби и ќе мора да биде одложено. Причината е банална, до синоќа не беше изготвена работната дозвола на Италијанецот. По Брегзит, сега Велика Британија има посебен режим за издавање работни дозволи за странски државјани.
Не е познато дали оваа бирократска работа ќе биде изготвена и во текот на денешниот ден и би можела да го спречи Конте официјално да седне на клупата. Секако, тој веќе ги презеде сите конци во свои раце и доколку не може да биде долу на клупата со тимот, ќе издава наредби од трибините преку комуникација со соработниците.
Тотенхем е пред императив да победи вечерва против Витесе, затоа што во три меча има само еден триумф и четири освоени бода во групата Г. Витесе е второпласиран со шест бода, а на лидер во групата е Рен со седум бода.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Ентони Гордон од Њукасл

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Феран Торес замина на итна операција

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција
