
Ливерпул го совлада Атлетико Мадрид со 2-0 на „Енфилд Роуд“ и со максимални четири победи и 12 бода се пласира во осминафиналето на Лигата на шампионите. Трент Александер Арнолд беше двоен асистент, а Жота и Мане реализираа двапати по само дваесетина минути игра. Атлетико Мадрид не можеше да даде одговор, со оглед дека остана и без Фелипе кој беше исклучен.
Ајакс исто така е во осминафиналето со максимален ефект. Холандскиот тим славеше со 1-3 против Борусија во Дортмунд, откако „милионерите“ играа со фудбалер помалку од 29 минута поради исклучувањето на Матс Хумелс. И покрај тоа Марко Ројс донесе предност по првиот дел, но Ајакс ја искористи бројната предност на теренот и славеше со головите на Тадиќ, Халер и Класен.
Пари Сен Жермен водеше во Лајпциг, но на крајот освои само бод играјќи 2-2. Нкунку во осмата минута го намудри Донарума, но тој четири минути подоцна му одбрани пенал на Андре Силва. Џорџинио Вајналдум постигна два гола за пресврт, но Лајпциг сепак заслужи бод со голот на Шобошлаи од пенал во 92.минута од мечот.
Манчестер Сити со 4-1 го совлада Клуб Бриж. Фоден донесе предност во 15.минута, но две минути подоцна Стоунс си постигна автогол. Во вториот дел, Махрез погоди за 2-1, Стерлинг ги разреши дилемите околу победникот, а Габриел Хесус го постави конечниот резултат.
Интер со 1-3 славеше на гости против Шериф Тираспол, а македонскиот репрезентативец Бобан Николов не беше во тимот поради повреда.
Спортинг Лисабон го декласира Бешикташ со 4-0, со двата гола на Педро Гонсалвеш и погодоците на Паулиња и на Санабрија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Ентони Гордон од Њукасл

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Феран Торес замина на итна операција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
