
Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе за малку ќе потпишел за Лајпциг како младински играч во 2015 година, од школата на Монако. Ралф Рангник објасни дека како тогашен спортски директор на Лајпциг, отпатувал во Париз за да се сретне со семејството на Мбапе, бидејќи бил убеден дека Французинот одговара на стилот на игра на клубот.
Германецот објасни дека таткото на Мбапе му рекол дека доколку самиот директор стане тренер,без проблем ќе му дозволи на неговиот син да замине во Лајпциг. Со оглед на тоа што Рангник седна на тренерското столче на германскиот клуб само шест месеци подоцна, Мбапе во меѓувреме требаше да потпише професионален договор со Монако.
Жерар Улие, тогашен советник на Ред Бул, исто така се обидел да го убеди напаѓачот да се приклучи. За самиот играч, сепак, изгледите за трансфер во Лајпциг никогаш не биле приоритет, со оглед на интересот од Ливерпул, Манчестер Јунајтед, ПСЖ, Манчестер Сити и Челси.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Ентони Гордон од Њукасл

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Феран Торес замина на итна операција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
