Кристијано Роналдо синоќа со два гола извлече пораз за Манчестер Јунајтед од Аталанта и така по којзнае кој пат го спаси менаџерот Оле Гунар Сослкјаер.
На крајот од мечот, камерите го фатија тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини како го пцуе Португалецот.
„Зошто го пцуев Роналдо? Немам проблем со него, пцуев затоа што е неверојатен играч, невозможно е да се брани од него, не му се лутев, ниту пак ме испровоцира на било кој начин“, изјави Гасперини.
Тој додаде низ смеа…
„Не ми е јасно како луѓето велат дека тој е проблем за Јунајтед, па секоја секунда е опасен за противникот и постигнува неверојатни голови“.
Тренерот на Аталанта изјави и дека неговите играчи заслужиле многу повеќе од бод од двата меча против „црвените ѓаволи“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal