
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, изрази задоволство од пласманот следната фаза од Лигата на шампионите. Италијанскиот тим ја оствари четвртата последовна победа во групата совладувајќи го Зенит со 4-2 и експресно обезбеди пласман во осминафиналето.
„Ја исполнивме првата цел сезонава – пласман во нокаут фазата од Лигата на шампионите. Задоволен сум од тимот – игравме со агресивност и со огромна желба за победа. Не загубивме концентрација, дури и кога примивме автогол. Но, има уште многу нешта кои треба да се подобрат. Не ми се допадна однесувањето на тимот во последните пет минути од натпреварот. Во четири контранапади не успеавме да постигнеме гол, а на крајот примивме гол и наместо да победиме со 5-1, мечот завршивме 4-2. Мора да работиме на тоа“, прокоментира Алегри.
Јувентус игра одлично во Лигата на шампионите оваа сезона, но многу послабо во Серија А каде во моментов се наоѓа во средината на табелата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Баерн Минхен го обнови интересот за Нкунку

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Луис Дијаз се договорил со Баерн Минхен

Евро-фудбал
Марко Асенсио се враќа во Ла Лига?
