Тренерот на Баерн Минхен, Џулијан Нагелсман истакна дека следната цел на Роберт Левандовски во Лигата на шампионите е да постигне 100 гола, откако постигна хет-трик во победата над Бенфика од 5-2.
Во својот 100. натпревар во Лигата на шампионите, полскиот напаѓач постигна три гола и дојде до вкупно 81 погодок во елитното европско натпреварување. Нагелсман рече дека луѓето ќе го паметат хет-трикот на Левандовски, но она што му паднало во очи е радоста со која Полјакот одигра во последните половина час.
„Играше на секоја офанзивна позиција, сакаше да игра со секоја топка. Тој секогаш сака да постигнува повеќе голови. Неговата статистика е импресивна. Сега целта му е да постигне 100 гола во Лигата на шампионите. Можеби нема да се случи оваа година, но ќе ги постигне, уверен сум во тоа“, изјави Нагелсман.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal