
Кристијан Ериксен не може да продолжи да игра фудбал во Италија, а италијанскиот шампион Интер е подготвен да му дозволи да ја продолжи кариерата во лига што не го спречува да се занимава со професионален спорт со вграден дефибрилатор.
Тој ја загуби свеста за време на Европското првенство носејќи го дресот на фудбалската репрезентација на Данска. Ериксен доживеа срцев удар, а потоа му беше вграден дефибрилатор.
Ајакс е тимот каде што Ериксен би можел да продолжи да игра фудбал на професионално ниво. Ериксен ја започна својата кариера како професионалец токму во холандскиот гигант и за него играше од 2010 до 2013 година, односно до трансферот во Тотенхем.
Медицински случај сличен како Ериксен веќе има во редовите на Ајакс. Дејли Блинд игра за тој клуб и за холандската репрезентација со вграден дефибрилатор.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski