Холандскиот стратег Роналд Куман не се согласува на помала отштета од Барселона и бара каталонскиот клуб да ја исплати целата сума од клаузулата во договорот, во износ од 12 милиони евра. Ова во моментот е преголем товар за Барса и му носи нов голем проблем на претседателот Хоан Лапорта.
На Куман многу тешко му падна што Лапорта го отпушти и што повторно не го поддржа, а тоа го покажа со својата одлука да не се согласи на никакво помало обештетување.
Барселона на Холанѓанецот му понудила седум милиони евра отштета, но тој веднаш одбил. Куман сака да ја добие целата сума и не се согласува на никакви намалувања. Јасно е колку е лут и разочаран што е отпуштен.
Холанѓанецот на тој начин ќе ја искомпликува и онака тешката финансиска ситуација во Барселона, бидејќи клубот речиси сигурно нема да може да донесе никого во јануарскиот преоден рок. Од друга страна, Барселона нема да може да потпише договор со Барселона се додека не потпише и официјално спогодбен раскин со Куман.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Млади репрезентации
Македонија до 19 години на елитни квалификации во Португалија
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
„Волците“ не му можат ништо на Челси (ВИДЕО)













