
Гери Невил испрати предупредување до Џејдон Санчо дека на крајот, може да заврши во слична ситуација како Дони ван де Бек во Манчестер Јунајтед. Во победата од 3-0 против Тотенхем во саботата, англискиот репрезентативец беше неискористена замена втор натпревар по ред, што предизвика загриженост кај легендата на клубот.
Санчо се уште нема редовно стартно место во тимот на Оле Гунар Солскјер и Невил верува дека судбината на напаѓачот би можела да биде иста како и онаа на холандскиот играч за врска, кој оваа сезона, има само два настапи во Премиер – лигата и е честопати занемарен од страна на норвешкиот стратег.
“Не можам, а да не мислам на Ван де Бек. На тоа дете кое седи на трибините и нема шутнато една топка. Доколку Санчо не внимава, ќе заврши исто како него. Не му одговара да ирга ниту во средина, ниту во нападот, па сигурно си размислува каде оди неговата кариера во Манчестер Јунајтед, а и Ван де Бек се размислува за истиот проблем”, наведува Невил за “Скај Спортс”.
Санчо сè уште нема запишано ни гол, ниту асистенција за “црвените ѓаволи“ откако дојде во клубот во летниот преоден рок, за сума од 87 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Ентони Гордон од Њукасл

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Феран Торес замина на итна операција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
