Централниот дефанзивец на Барселона, Жерар Пике ќе го пропушти клучниот дуел од Лигата на шампионите против Динамо Киев во вторник поради повреда на потколеницата. “Тестовите утринава потврдија дека играчот пд рвиот тим, Жерар Пике има истегнување на десната потколеница и ќе биде надвор од терените на недоредено време“, соопштија од клубот.
Во соопштението не се наведува колку време се очекува Пике да биде надвор од теренот. Шпанскиот ветеран ја заработи повредата во 70. минута во ремито на каталонците од 1-1 на домашен терен против Алавес во Ла Лига. Тој, потоа, беше заменет со Клемент Ленгле.
Ова значи дека централниот дефанзивец речиси сигурно ќе го пропушти натпреварот во Украина и гостувањето кај Селта Виго во лигата следната сабота, односно последниот натпревар на Барса пред ноемвриската репрезентативна пауза. Барса, исто така, најверојатно ќе остане без Серхио Агуеро, откако се дозна дека напаѓачот има аритмија на срцето
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski