
Милан е заинтересиран да го доведе Луис Албертo од Лацио и ќе се обиде да ја повтори операцијата што летово ја направи нивниот градски ривал Интер. Луис Алберто не е во најдобри односи со тренерот Маурицио Сари и се поизвесно е дека играчот за врска ќе го напушти клубот на зима.
Оваа ситуација сака да ја искористи Милан кој е подготвен да испрати понуда вредна 30 милиони евра. На ваков начин Интер успеа да го доведе напаѓачот Хоакин Кореа од Лацио минатото лето.
Со оглед дека Милан во моментов нема доволно опции на плејмејкерската позиција, „росонерите“ ќе го вложат максимумот да стигнат до потписот на Луис Алберто.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер во нов обид да го доведе Марко Асенсио

Евро-фудбал
Баерн Минхен би сакал да го купи Родриго

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ
