
Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо зборуваше за неговата улога во тимот на Манчестер Јунајтед во пресрет на денешното дерби против Ливерпул. Тој вели дека сака да прави луѓето среќни со голови.
„Секој треба да ја знае својата улога. Ја знам мојата улога во тимот и клубот… Се работи за постигнување голови, помагање на тимот со искуство и знаење за играта. Ако сите мислат исто, се жртвуваат за доброто на тимот, мислам дека ќе станеме подобри. Имаме фантастични навивачи, фантастичен стадион, фантастичен тим, па мораме да продолжиме со добрата работа. Мотивиран сум да го правам своето, да ги усреќам луѓето, семејството, фановите и себеси. Сакам да ја подигнам границата уште повисоко. Сакам да продолжам да играм фудбал. Сакам да ги правам луѓето среќни“, изјави Роналдо.
Португалецот во средата го постигна победничкиот гол за Манчестер јунајтед на дуелот со Аталанта (3-2) во третото коло од Лигата на шампионите и уште еднаш сезонава донесе три бода за својот тим. Денеска следи нов предизвик, дерби меч против Ливерпул на „Олд Трафорд“ во Премиер – лигата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Милан без Мајк Мењан на гостувањето кај Удинезе

Евро-фудбал
Нејмар повторно се повреди

Евро-фудбал
Барселона подготви нов договор за Френки де Јонг
