Шефот на стручниот штаб на Шкендија, Ернест Ѓока за клупскиот сајт се осврна на штотуку завршените подготовки на тимот во Анталија. Ѓока е задоволен од подготовките нагласувајќи дека резултатите од тест дуелите, две победи и две ремија, во овој момент и не се многу важни.
„Резултатите во овој момент од тест дуелите и не се многу важни, колку што низ тие натпревари увидовме како би реагирале на противници кои преферираат различен стил на игра. Задоволен сум од подготовките во Анталија каде имавме навистина добри услови за работа. Мислам дека ја достигнавме неопходната форма пред стартот на пролетниот дел од првенството“ – вели Ѓока.
Тренерот на Шкендија со став и за новите имиња во клубот.
„Новите фудбалери добро се вклопија во тимот. Кривјак, Далку, Нето…. имаат квалитет кој ќе ни помогне, иако треба уште малку време за адаптација. Шкендија сега е комбинација на млади фудбалери и искуство кое верувам ќе донесе резултати согласно нашите амбиции“ – вели тренерот на тетовци.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Интернационалци
Агон Елези стрелаше во вечното босанско дерби (ВИДЕО)
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













